Новиот тренер на Интер, Антонио Конте после претставувањето се соочи со италијанските новинари кои ги интересираше што размислува за преодниот рок.
Поранешниот тренер на Челзи и Јувентус утрово беше промовиран како нов стратег на Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После изјавите со кои се претстави Конте добиваше прашања за летниот преоден рок.
„Икарди? Не знам што ќе биде со него, се уште не сме разговарале. Ќе ја проценам ситуацијата и ќе донесам одлука која мислам дека е најдобра за клубот“, изјави Конте.
Потоа следуваше прашање за Ромелу Лукаку, но и тоа дали има некоја посебна желба кога се засилувањата во прашање.
„Лукаку? Прерано е да се зборува за тоа. Дали би сакал да доведам некој кој сум го тренирал во Челзи? Ако морам да кажам едно име, тогаш тоа нека биде Канте“, заклучи Италинецот.
Интересно е што за Един Џеко кој на големо се поврзува со трансфер во Интер, Конте не доби ниту едно прашање. Денес медиумите во Италија пишуваат дека Џеко е во Милано каде што ги договара последните детали со Интер.
Дополнително таквите гласини се подгреани си тоа што Џеко се уште не е со репрезентацијата на Босна.