Дома Македонски спорт Конечно закажан термин за бизнис трката „Business Run 2020“

Конечно закажан термин за бизнис трката „Business Run 2020“

По минатогодишното одложување заради заострените здравствени мерки, конечно се создадени услови и е закажан термин за одржување на популарната тим-билдинг трка за компании, Business Run 2020.

Штафетната трка за тимовите од македонскиот бизнис сектор ќе се одржи на 29 мај според правила и процедури прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија. 

Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

Во претходното издание најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Телеком.

Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата www.prvdovrv.mk. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија. 

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска кон-куренција, оние кои истрчале најбрз круг. 
Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компа-ниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Организатор на Business Run e здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…