Дома Трансфер зона Кога кај нас вака? Најлошиот тим од првата лига во Хрватска продаде 15 годишно дете за три милиони евра

Кога кај нас вака? Најлошиот тим од првата лига во Хрватска продаде 15 годишно дете за три милиони евра

Навистина е неверојатно она што го прават хрватските клубови на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се почна со Динамо кој го крена нивото кога се оштетите за играчите во ХНЛ во прашање, па на „Максимир“ повеќе скоро и да не продаваат играч ако не се работи за сума од 10-20 милиони евра.

Сега дури и најслабиот тим во ХНЛ, Истра успеа да продаде млад фудбалер за висока сума. 15 годишниот талент и капитен на репрезентацијата на Хрватска до 17 години, Роко Живковиќ преминува од Истра во Ред Бул Салзбург за три милиони евра.

Сумата од три милиони евра за австрискиот гигант нема да претставува проблем, меѓутоа секако таа многу ќе значи за Истра. Трансферот е завршен и младиот Роко со неговиот татко веќе во Австрија и се многу брзо ќе биде официјализирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…