Ливерпул се насочува кон играчот за врска на Интер и италијански репрезентативец, Николо Барела, пренесува „Спортмедиасет“.
Приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Клоп е токму Барела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните месеци скаутите на Ливерпул во неколку наврати го следеле Италијанецот и веруваат дека идеално ќе се вклопи во стилот на Клоп.
Во Интер сигурно нема лесно да се откажат од 26-годишниот играч за врска, кој се покажа како лидер на тимот.
Меѓутоа, Ливерпул е спремен да му понуди двојно поголема плата на италијанскиот играч за врска.
🚨 Liverpool are ready to put forward a significant offer to try and sign Inter midfielder Nicolò Barella this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 27, 2023
(Source: sportmediaset) pic.twitter.com/ATpKmlxx1K