Дома Фудбал Англија Клоп: Салах е најдобар фудбалер во моментов!

Клоп: Салах е најдобар фудбалер во моментов!

Ливерпул одигра фантастичен меч и со 5:0 победи на гостувањето кај Ватфорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп не ја криеше радоста и после мечот особено го пофали Салах и тврди дека во моментов нема подобар играч од него.

„Беше прекрасно! Не можам да кажам ништо друго. По репрезентативната пауза е тешко е да се најде ритам, но момците беа фантастични, иако имавме само еден заеднички тренинг“.

„Салах е топ фудбалер. Сите го гледаме тоа. Кој е подобар од него? Не мораме да зборуваме за она што го имаат направено Роналдо и Меси за светскиот фудбал и нивната доминација. Но во моментов, Салах е најдобар на светот“, заклучи Клоп. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …