Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп по ремито со Севиља: Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод

Клоп по ремито со Севиља: Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп немаше конкретен одговор зошто неговиот тим испушти предност од три гола на гостувањето во Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ за половина час имаа предност од 0:3 на „Рамон Санчез Писхуан“ и со тоа беа на чекор од победа и пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но во второто полувреме ја испуштија големата предност.

Севиља за само девет минути намали на 2:3 преку Хисман Бен Једер, за во 90 минута со голот на Гвидо Пизаро да ги шокира Англичаните.

Одлично прво и не така добро второ полувреме. Престанавме да играме фудбал во вторите 45 минути. Во првиот дел бевме полни со самодоверба, додека во вториот дел често доцнеше целата формација. Станавме пасивни, премногу се повлековме. Изгубивме, но и не изгубивме, освоивме бод“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…