Иако важеше за голем фаворит, Ханси Флик не ја освои наградата за најдобар тренер на годината.
Престижната награда синоќа на церемонијата во Цирих му беше доделена на Јирген Клоп, кој ја добива втора година по ред.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересно е што Клоп и Флик на крајот имале ист број на бодови (24), но на крајот сепак пресудил членот 12 од правилникот на ФИФА според кој во случај на израмнет скор, за победник се прогласува оној кој имал повеќе гласови од страна на селекторите.
Па така, Јирген Клоп имал 686 гласови од селекторите, додека Флик добил 572.