На турнирот земаа учество околу 120 играчи каде покрај нашата
репрезентација дојдоа едни од најдобро рангираните играчи во свет од
следните држави: Австрија, Белгија, Германија, Франција, Кина, Јапонија,
Кинески Тајпеј, Бугарија, Хрватска, Колумбија, Англија, Грција, Унгарија,
Индија, Ирска, Израел, Италија, Мексико, Полска, Португалија, Норвешка,
Кореа, Словачка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Порторико.
Наши играчи кои настапија се: Александар Јакимовски и Стојчев Лука во
категорија У15 момчиња поединечно и двојки, Фани Јовановска, Софија Хасану
и Изабела Ковачовска во категорија У15 женски поединечно и двојки, Ана
Стојановска и Катерија Лаура Михајлов во категорија У19 женски поединечно и
двојки. Во категорија У15 мешани двојки исто така ќе настапат Александар
Јакимовски, Стојчев Лука, Фани Јовановска и Изабела Ковачовска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На ден 07.09.22 и 08.09.22 се играа натпреварите во машка конкуренција, во
У15 и У19 категории поединечно и двојки. Победник во категорија У19 беше
Maciej Kubik од Полска, а второто место го освои Hayate Suzuki од Јапонија.
Победник во категорија У15 беше Huang Xunan од Кина, а второто место го
освои Flavien Coton од Франција. Во категорија двојки У15 победија Huang
Xunan и Kang Youde од Кина пред Flavien Coton и Natham Lam од Франција. Во
категорија двојки У19 победија Hayate Suzuki и Kazuki Yoshiyama од Јапонија
пред Daniel Berzosa од Шпанија и Rogelio Castro од Мексико.
На ден 09.09.2022 се играа натпреварите од мешани двојки во категории У19 и
У15. Победници во категорија У15 беа Kang Youde и Xu Huiyao од Кина пред
нивните соиграчи Huang Xunan и Yan Yutong од Кина. Во категорија У19
победници беа Yashaswini Ghorpade од Индија и Oscar Birriel од Порто Рико
пред Petek Borna од Хрватска и Cheng Pusyuan од Кинески Тајпеј.
На ден 10.09.22 и 11.09.22 се играа натпреварите во женска конкуренција во
У15 и У19 категории поединечно и двојки. Победничка во категорија У19 беше
Yan Yutong од Кина пред Xiang Junling од Кина. Во категорија У15 победи:
Yan Yutong од Кина пред Yoo Yerin од Јужна Кореа. Во категорија двојки У15
победија Yan Yutong и Xu Huiyao од Кина пред Natalija Bogdanowicz и Zofia
Sliwka од Полска. Во категорија двојки У19 победија Kim Seongjin и Lee
Daeun од Јужна Кореа пред Pavade Prithika и Charlotte Lutz од Франција.
Како најдобар играч на турнирот е прогласена Yan Yutong која со само 14
години успеа да освои 3 медали во својата категорија и еден медал во
категорија повисоко односно категорија У19. По повод добрата игра на
кинеските играчи во посета дојде и амбасадорот на НР Кина во С. Македонија,
н.е г-дин Џанг Ѕуо.
Од страна на луѓето задолжени за турнирот Tiago Viegas,Bart Vermoesen,и
Werner Thury, добиени се позитивни оценки за организацискиот дел, и силна
поддршка за нови предизвици.
Довербата е наградена со потпишување на договор за организација на турнирот
за период 2023-2025 година.