Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сака кариерата да ја продолжи во Барселона, пренесува каталонски „Спорт“.
Левандовски на лето влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен, а неговиот агент потврди дека нема најави за продолжување на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа големи се шансите полскиот голгетер да ја промени средината на лето, а негов прв избор е Барселона.
Како што ексклузивно објави каталонски „Спорт“, Барселона му понудила четиригодишен договор, како и дека неговиот менаџер Пини Захави има добри односи со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
Прва желба на Каталонците е Ерлинг Халанд, но ќе биде тешко да дојдат до потписот на Норвежанецот, па поради тоа ќе се насочат кон Левандовски.
Robert Lewandowski would like to join Barcelona. He considers that his time in the Bundesliga has finished, and is ready to leave Bayern. His agent, Pini Zahivi, is Laporta's close friend.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) March 24, 2022
— @sport pic.twitter.com/FRzFAjh1HO