Подолг период во медиумите се најавува враќање на Меси во Барселона, а еден од првите чекори е дозволата за ревизија нафинаниско работење која била побарана од луѓето во Ла Лига за да се тргне забраната за регистрација на нови фудбалери.
Најавите се дека наскоро тоа ќе стане реалност и Барселона ќе добие дозвола, па затоа и Лапорта не крие дека се работи на враќање на Меси. Во една ситуација пред неколку дена тој на прашањето од навивачите дали ќе се врати Меси одговори потврдно, секако тоа не мора да значи ништо, но е јасен показател колку во Каталонија се оптмисти за тоа прашање.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега каталонскиот „Спорт“ објави колкава би била годишната плата на Меси. Според информациите на овој медиум, Аргентинецот би добил 25 милиони евра бруто за двегодишен договор со можност самиот да го раскине ако сака по првата сезона.
Меси го носеше дресот на Барселона во периодот од 2004 до 2021 година, тогаш премина во ПСЖ каде што засега не ги исполни очекувањата од навивачите.