Селекторот на Русија Валери Карпин, за руските медиуми порача дека ја посакува Македонија во баражот, но призна и дека фаворити ќе бидат само на хартија.
Во руските медиуми излегуваа анализи во кој се опишуваше дека за нив ќе биде најдобро да ја добијат Македонија, сепак потоа следуваше и предупредување од неколку поранешнит руски фудбалери дека Македонија не е селекција за потценување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега и селекторот Карпин зборуваше за Македонија.
„Сите кај нас ја посакуваат Македонија, па така и јас. Мислам дека Македонија е најлесниот противник кој може да ни се падне. Нормално е и ние како репрезентација тоа да го посакуваме…Сепак фаворитската улога ќе биде само на хартија и ќе мора да ја потврдиме на теренот“, изјави Карпин.
Ждребот за баражот за Светското првенство е закажан за в пето код 17:00 часот.