Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли готово сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“ на крајот на сезоната.
Договорот на Ромањоли истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на соработката се прекинати од поодамна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан веќе бара негова замена, а дефанзивецот започна преговори со Лацио и е многу блиску до преселба на „Олимпико“.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ромањоли ја прифатил понудата од Лацио за 5-годишна соработка и плата од 3,2 милиони евра по сезона.
Ромањоли никогаш не криел дека е голем фан на Лацио, па сега ќе може да игра за клубот од неговиот роден град.