Англиските медиуми пренесуваат дека Нголо Канте на лето би можел да го напушти Челзи.
Раководството на Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
31-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.
Сепак, во моментов во Челзи се е „блокирано“ и се чека новиот сопственик, но медиумите тврдат дека на лето ќе има големи промени.
Голема желба на „сините“ е ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.
Канте исто така е спремен за нова авантура, па на лето би можел да го напушти Челзи.