Дома Топ вести Кансело и Феликс потпишуваат за Барселона

Кансело и Феликс потпишуваат за Барселона

Каталонскиот гигант Барселона ќе биде следната дестинација на репрезентативците на Португалија, Жоао Кансело и Жоао Феликс, тврдат шпанските медиуми.

Жоао Феликс и Кансело веќе се во Барселона каде треба да ги решат и последните формалности по што ќе стави потпис на договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферите се во „режија“ на Жорге Мендеш, кој моментално се наоѓа во канцелариите на Барселона и работи трансферите да бидат комплетирани до крајот на преодниот рок.

Феликс и Кансело од поодамна имаа договор со Барселона, но се чекаше Барса да ослобиди место за плати и да може да ги регистрира.

Двајцата ќе пристигнат на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Интер потпиша со врвен напаѓач

Интер обезбеди големо засилување  за следната сезона, а тоа е напаѓачот на Порто, Мех…