Нејмар е најскапо платениот фудбалер во светот, Пари Сен Жермен за неговите услуги минатото лето на Барселона и плати огромни 222 милиони евра.
Сепак, во последната студија која ја направи компанијата „ОpenEconomic“ објавена на страницата „Playratings.com“ открива дека трансферот на Бразилецот Роналдо во денешно време би вредел 433 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо откако во една сезона во дресот на Барселона го воодушеви светот и постигна 47 погодоци на 49 натпревари во 1997 година премина во милански Интер за 28 милиони евра соборувајќи го тогашниот рекорд по втор пат во кариерата.
Во тоа време се работеше за неверојатна сума на пари, но на Интер таа инвестиција и тоа како му се исплатеше бидејќи „Ил Феномено“ и покрај проблемите со повредите постигна 59 погодоци на 99 настапи.
Според тоа во врвот на неговата кариера неговиот трансфер од Барса во Интер според „Playratings“ би изнесувал 433 милиони евра што е скоро двојно повеќе од вредноста на трансферот на Нејмар.
На листата најскапи трансфер според „Playratings“ доминираа трансферите од Серија А, па така трансферот на Марадона во Наполи би вредел 345 милиони евра, додека трансферот на Платини во Јувентус би достигнал вредност од 334 милиони евра.
prezzo neymerizzato della prestazione delle leggende alla data di trasferimento @calcio24mercato @SimoneTogna @sportnotizie24 @MassimoCaputi pic.twitter.com/gkO8JqHMAv
— PlayRatings (@playratings) August 5, 2017