Дома Останати Кабиб потпиша професионален договор со руски фудбалски тим!

Кабиб потпиша професионален договор со руски фудбалски тим!

Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов потпиша професионален договор со рускиот третолигаш Легион Динамо.

Дагестанецот е познат како голем фан на фудбалот. Сонот му беше да стане професионалец, а на крајот и успеа во тоа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Кабиб потпиша договор со тимот од Макачкала кој ја објави веста.

„Голема битка не чека во Легион и за неа се потребни големи борци“, соопшти овој дагестански тим.

Овој тим е основан во 2015 година и добро влезе во новата сезона, од три натпревари имаат седум бодови. Останува да видиме дали Кабиб ќе добие шанса во некои од нивните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…