Дома Фудбал Останато И овој викенд ќе уживаме: Пет натпревари кои ќе ги обележат најсилните првенства

И овој викенд ќе уживаме: Пет натпревари кои ќе ги обележат најсилните првенства

Почнувајќи веќе од денес овој викенд ни носи неколку натпревари за кои се очекува да бидат и тоа како интересни.

Во овие натпревари би можела да биде одлучена и судбината на тренерите, а во поголем дел одлуката ќе паѓа за тоа во какво расположение екипата ќе отиде на кратката пауза поради натпреварите на репрезентациите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


АТЛЕТИК БИЛБАО – РЕАЛ СОСИЕДАД (ПЕТОК 21:00 ЧАСОТ)

Големото баскиско дерби се игра вечерва на „Сан Мамеш“. Како и секогаш овие два тима ќе одлучуваат кој владее во Баскија во фудбалот и сигурно дека овој натпревар привлекува големо внимание, а нема дилеми дека и дваата клуба ќе дадат се од себе да се победи лутиот ривал. Овој натпревар воедно го отвара и осмото коло во Ла Лига.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ЊУКАСЛ (САБОТА 18:30 ЧАСОТ)

Кризата во која се најде Манчестер Јунајтед сериозно го тресе столчето на Жозе Мурињо. Јунајтед веќе е три натпревари без победа, а сега на „Олд Трафорд“ им пристигнува Њукасл. Со оглед на тоа како игра Јунајтед и каква е ситуацијата во клубот не би претставувало големо изненадување, ако Њукасал однесе бод (ови) од оваа средба. Јунајтед во овој момент е на 10-тата позиција, додека Њукасл се наоѓа на 18-тата с само два освоени бодови и тој е еден од трите тима во Премиер лигата кои се уште се без победа. Евентуален неуспех на „ѓаволите“ на оваа средба може да значи и крај за Жозе Мурињо во Јунајтед.

ПСЖ – ЛИОН (НЕДЕЛА 21 ЧАСОТ)

И оваа сезона во Франција има само едно прашање: Може ли некој да го запре ПСЖ. Шампионот на Лига 1 започна жестоко во новата сезона и има осум победи на осум натпревар. Сега на „Паркот на принцовите“ го играат дербито со Лион кој прикажува солидни настапи, но игра во променилва форма. Со победата над Манчестер Сити во Лигата на шампионите, „лавовите“ покажаа дека можат да играат против секого. Сега пред нив е нов голем предизвик и очекувањата се оваа средба да понуди добар фудбал и погодоци.

ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА (НЕДЕЛА 20:45 ЧАСОТ)

Валенсија дури во седмиот натпревар оваа сезона стигна до првата победа (Реал Сосиедад 0:1), а сега на „Месталја“ им доаѓа актуелниот шампион Барселона. Каталонците во првенството се три натпревари без победа. Џирона и Атлетик однсоа по бод од „Ноу Камп“, а во меѓувреме стигна изненадувачкиот пораз од Леганес. Меѓутоа, Барса со победата над Тотенхем во Лондон (2:4) покажа дека кризата е зад нив и сигурно дека тимот на Валверде ќе биде фаворит на оваа средба.

ЛИВЕРПУЛ – МАНЧЕСТЕР СИТИ (НЕДЕЛА 17:30 ЧАСОТ)

Манчестер Сити и Ливерпул се лидери во англиската Премиер лигата, а во недела еден од овие тимови може да го изгуби првото место. Ливерпул во големото дерби ги пречекува „граѓаните“ на „Енфилд“ и сигурно дека во овој натпревар не чека голем спектакл. Со оглед на тоа со каков офанфизвен фудабл негуваат Гвардиола и Клоп, головите би требало да бидат загарантирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…