Италијанските гиганти Јувентус и Милан се заинтересирани за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Себаљос минатото лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но до сега има само три настапи и јасно е дека Анчелоти не смета на него.




Реал Мадрид го стави Шпанецот на трансфер листа, а италијанските клубови сакаат да ја искористат таквата шанса.




„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели.
Од друга страна Милан ќе остане без Франк Кеси и бара засилување за средниот ред.