Дома Трансфер зона Испадна во третата лига во Англија, а сега може да заигра во Премиер лигата

Испадна во третата лига во Англија, а сега може да заигра во Премиер лигата

Дерби Каунт кој од клупата беше предводен од Вејн Руни не успеа да ги надмине административните проблеми со кој се соочуваше и испадна во третиот ранг во Англија.

Руни успеа да создаде еден компактен тим кој одлично парираше и на најсилните тимови во Чемпионшип, па така дел од играчите го привлекоа и вниманието на други клубови. Таков е случајот на Том Лоренс.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лорес е еден од фудбалерите кои најмногу се истакна со настапите за Дерби и сега би можел да направи трансфер со кој ќе се пресели во клуб од Премиер лигата.

Според информациите од Островот голем интерес за Лоренс покажал тимот на Фулам кој се избори за место помеѓу најсилните во Англија. Инаку станува збор за поранешен младинец на Манчестер Јунајтед, интерес за Лоренс покажа и актуелниот премиерлигаш, екипата на Барнли која се бори за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…