Дома Фудбал Лига на шампиони Иранска телевизија го користеше стариот грб на Јунајтед, бидејќи новиот не смееше

Иранска телевизија го користеше стариот грб на Јунајтед, бидејќи новиот не смееше

Синоќа на Олд Трафорд и Олимпико се одиграа два натпревари од осмина финалето во ЛШ, кои се пренесуваа во многу земји ширум светот.

Секоја земја и телевизија на свој начин ги прави воведните емисии пред натпреварите, а емисија посветена на натпреварот Јунајтед – ПСЖ имаше и една иранска телевизија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Телевизијата во таа прилика го користеше стариот грб на Манчестер Јунајтед кој последен пат беше користен во далечната 1972. година.

Фотографијата од студиото осамна на социјалните мрежи, а многу навивачи се запрашаа зошто е користен стариот грб. Сепак, објаснувањето е сосема едноставно. Имено, иранските Телевизии не смеат да користат сотонски симболи, а со оглед дека Јунајтед на средината на својот грб веќе неколку децении има ѓавол, грбот не смееше да биде употребен.

Инаку, ова не е прв случај на цензурирање на грб на иранска телевизија бидејќи и претходно бевме сведоци дека беше цензуриран и грбот на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Максимир“ заминува во историјата: Динамо Загреб добива модерен стадион!

Веќе години наназад загрепскиот “Максимир” не е во најдобра состојба. Некои го…