Раководството на Интер започна преговори со левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери, пренесуваат италијансите медиуми.
„Сините“ се спремни да го продадат италијанскиот репрезентативец и Лампард веќе бара засилување на таа позиција.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Конте е во потрага по квалитетно засиливање на левата беквоска позиција и одлично ги познава квалитетите на Палмери, бидејќи тој го донесе Стенфорд Бриџ, па смета дека ќе биде идеално засилување за Интер.
Последните информации говорат дека „нероаѕурите“ спремиле понуда од 20 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на Челзи.