Дома Топ вести Интер потврди: Перишиќ сака да си оди!

Интер потврди: Перишиќ сака да си оди!

Во последниот период се појавија многу шпекулации околу иднината на Иван Перишиќ, а денес стигна потврда дека би можел да го напушти Интер до крајот на преодниот рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денес генералниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека Перишиќ побарал да замине, меѓутоа до сега во клубот не пристигна понуда која ќе ги задоволи „нероаѕурите“.

„За време на трансфер маркетот некои играчи сакаат да ја променат средината. Перишиќ на најдобар можен начин ни соопшти дека сака да си оди. Ние сме спремни да ја слушнеме неговата молба, но потребна е адекватна понуда. Ќе видиме што ќе се случи во последните денови од преодниот рок“, изјави Марота и потврди дека клубот започнал преговори со Караско.

Единствената понуда која пристигна за Перишиќ до овој момент е од Арсенал. „Топџиите“ понудија 5 милиони евра за позајмица, плус 40 за откуп следното лето, меѓутоа „нероаѕурите“ не сакаат да го пуштат Хрватот на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…