Директорот на Интер Пјер Аусилио демантира дека Лионел Меси кариерата би можел да ја продолжи во Интер.
Откако Меси побара да го раскине договорот повторно се појавија вестите дека Интер може да го ангажира, но Аусилио тврди дека гласините немаат никакво основа и дека всушност се измислици.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нема да го доведеме Меси. Не знам од каде ви се тие луди шпекулации. Секако дека секој клуб сака да има таков играч, но реалноста и фактите се поинакви“, изјави директорот на „нероаѕурите“.
Меѓутоа ја остави отворена можноста да биде доведен Видал од Барселона и потврди дека Коларов е блиску до потпис со Интер.
„Големи се шансите да го доведеме Коларов. Кога во прашање е Видал, тоа е играч кој ни се допаѓа. Но тој е член на Барселона и ја следиме ситуација. Ако се појави шанса ќе го доведеме“; изјави Аусилио.