Интер е во напредни преговори со ПСЖ за трансфер на Милан Скриниар, но веќе има пронајдено замена за Словакот.
„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и неможат да ја одбијат понудата од ПСЖ која изнесува 60 милиони евра плус бонуси за Скриниар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер веќе работи на трансферите на Бремер од Торино и Миленковиќ од Фиорентина и сака да ги донесе двајцата на „Џузепе Меаца“.
Бремер одигра фантастична сезона и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А, а неговата вредност е 30 милиони евра и Бразилецот веќе има договор со „нероаѕурите“.
Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Интер веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.