Антонио Конте ова лето во Интер отпиша неколку фудбалери кои клубот ги испрати на позајмица.
Сигурно дека најголема ѕвезда е аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди кој премина во ПСЖ на позајмица до крајот на сезоната, а истото го направи и Иван Перишиќ, кој моментално е член на Баерн. На позајмица е и Жоао Марио, кој среќата ја пронајде во Локомотив Москва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тутоспорт денеска објави неверојатна информација дека Интер на овие играчи им го продолжил договорот на уште една година иако играчите се на позајмица. Клубот ја искористил клазулата на која имал право, а јасна е причината за сето тоа.
Во Интер знаат дека Икарди, Перишиќ и Марио нема да се вратат во клубот па им го продолжиле договорот за летоска да инкасираат повеќе пари на нивни трансфери.
Од овие играчи Интер на лето би требало да заработи околу 110 милиони евра и ја спречија опцијата да си заминат од клубот како слободни играчи.