Денес со почеток во 15:00 часот во италијанското првенство се одиграа четири сердби, а победи запишаа екипите на Киево, Кротоне, Лацио и Интер.
По, Милан малку недосасуваше да киксира и екипата на Интер, откако во минатото коло „нероаѕурите“ изиграа 1:1 против Болоња, овој пат во натпреварот против Џенова до победатата стигнаа во финишот од средбата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Избраниците на Лучијано Спалети икао одиграа нешто подобро во однос на натпреварот со Болоња и ја имаа топката во свој посед сепак, за погодок мораа да чекаат до 87 минута кога мрежата на гостите успеа да ја погоди Д’Амбросио и со тоа да донесе важна победа за својот тим.
Лацио им се враќа на победничките патеки откако во минатото коло беше декласиран од фантастичниот Наполи со 1:4. Римјаните во ова коло ја совладаа Верона на гостински терен со 0:3, а како вистински предводник на гостите во овој натпревар се покажа Чиро Имобиле кој постигна два погодоци, но и беше асистент при погодокот на Марусиќ.
Во следното коло Лацио има шанса за нови три бода бидејќи како фаворит ќе биде домаќин на екипата на Сасуоло.
Кротоне го совлада Беневенто со 2:0. Новајлијата во Серија А веќе после само шест кола се истакнува како прв кандидат за преселба во Серија Б, овој тим после шест натпревари нема освоено ниту еден бод и постигнаа само еден погодок. Во последниот натпревар Киево го совлада Каљари на гостински терен со 0:2.