Дома Трансфер зона Икарди прави проблеми во Интер: Стопирани преговорите за три засилувања од 120 милиони евра

Икарди прави проблеми во Интер: Стопирани преговорите за три засилувања од 120 милиони евра

Италијанецот бара да му бидат доведени двајца клучни играчи, но Кинезите сакаат прво касата да се наполни, па потоа дадат зелено светло за купување.

Наводно, за засилувања Кинезите на Конте му спремиле 120 милиони евра, а мети се Лукаку, Барела и Џеко. Меѓутоа сопствениците сакаат прво да се најде решение за Икарди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во овој момент фудбалерот е на одмор, но јасна е неговата желба да остане во Италија, а ако останува единствена реална опција во овој момент е Јувентус. „Нероаѕурите“ сигурно ќе направат се за да не го продадат Икарди на големиот ривал и поради тоа целата ситуација може да потрае подолго.

Тоа не му се допаѓа на Конте, тој го сака и Ковачиќ, но за Хрватот да се врати прво мора да се ослободат од Наинголан. Интер го нуди за 30 милиони евра, но
Белгиецот им испрати порака дека има уште три години од договорот.

Наинголан ќе се појави во Лугано на припремите, истото го планира и Икарди.

Се шпекулира дека Икарди намерно цело време одбива да замена за да го натера Интер да бара помалку за него. Во секој случај јасно е дека поранешниот капитен на Интер е клучот за преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …