Манчестер Јунајтед и Барселона вечерва играат на „Олд Трафорд“ во рамките на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во оваа фаза од натпреварувањето мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона сигурно е најголемо дерби со оглед на одличните натпревари кои овие клубови ги имаа во минатото. Натпреварот на „Олд Трафорд“ се очекува со нетрпение, а многумиан сметаат дека Барселона е голем фаворит.
Малкумина само веруваат во Манчестер Јунајтед и на пласман во следната фаза од натпреварувањето, но многу пати во фудбалот се докажа дека се е можно. Премногу доверва во својот поранешен клуб нема ниту протугалскиот стратег, Жозе Мурињо кој е сигурен дека Меси вечерва ќе ја покаже својата сила на „Олд Трафорд“.
„Лионел Меси сигурно сака да остави траг на стадион каков што е Олд Трафорд. Треба да се верува во чуда, но овој пат не верувам дека тоа е возможно“, изјави Мурињо пред вечерашниот натпревар.