Роберт Левандовски вечерва е прогласен за најдобар играч на светот во избор на ФИФА.
Церемонијата беше одржана во Цирих, а наградата за најдобар играч во 2020. година заслужено ја доби Левандовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лева со Баерн освои се што можеше да се освои, и славеше во конкуренција на Роналдо и Меси.
Претседателот на ФИФА, Инфантино отпатува во Минхен да го изненади Левандовски и му ја врачи наградата. Тие со видеолинк беа во пренос, а тоа го следеа Роналдо и Меси.
Кога Инфантино влезе во просторијата беше јасно дека Левандовски е победник бидејќи се насмеа, но она што многумина го забележаа е реакцијата на Роналдо кој со ладен поглед ја следеше церемонијата.
Очигледно е дека Роналдо не сака да биде поразен…
Ronaldo’s reaction to Robert Lewandowski’s win 😬 pic.twitter.com/Qwce6UoKce
— B/R Football (@brfootball) December 17, 2020