Додека се чека Кавани Манчестер Јунајтед ги изненади навивачите.
Фабрцио Романо објави дека Манчестер Јунајтед ќе плати 30 милиони евра плус бонуси за во јануари 2021 година да го доведе Аманд Траоре од Аталанте кој има 18 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во прашање е фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, може да се користи и на двете страни и интересно е што тој е член на младинскиот тим на клубот од Бергамо.
За првиот тим одигра само три натпревари минатата сезона и собра 24 минути на теренот, успеа да постигне и гол против Удинезе во октомври минатата година.
Траоре требаше да се пресели во Парма на позајмица, но таа зделка пропадна, па тоа го искористи Манчестер Јунајтед.
Amad Traoré will join Manchester United on next January, here we go! Deal agreed right not with Atalanta but the young talent [born in 2002] will arrive on 2021 because of work permit and passport timing.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 5, 2020
? #MUFC will pay €30m + add ons for him! More: https://t.co/oBjUmrDMtV