На сите внимението беше насочено кон други мети, а сега следуваше изненадувачки расплет.
Многу имиња се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, посебно кога е одбраната во прашање, а него никој него споменуваше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Монако преговарале и изгледа дека во текот на изминатата ноќ „паднал“ договор – Џибрил Сидибе пристигнува на „Олд Трафорд“!
25 годишниот Универзалец на Монако може да игра на двете бековски позиции, а се очекува Мурињо да го користи како лев бек, покрај тоа Сидибе по потреба во Монако пополнуваше место во средниоте ред. Кариерата ја започна како плејмејкер.
Сидибе во Монако пристигна од Лил пред две сезони, не играше на ЕП во 2016 година, отпадна во последен момент, но ќе биде во составот на Франција за Мундијалот.
Проценката наводно била дека тој е најдоброто решение поради универзалноста, трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра, а Сидибе излезе во прв план бидејќи Јувентус почна да се двоуми за продажбата на Алекс Сандро после повредата на Спинацола.