Откако норвешкиот тренер, Оле Гунар Солскјер седна на клупата на Манчестер Јунајтед, многумина го видоја како наследник на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Се разбира, тој се уште може да стане тоа, но очигледно барем за сега заврши неговата бајка која траеше во првите неколку месеци од превземањето на клубот. Солскјер во тоа време ги победи речиси сите ривали, а врвот го достигна кога на „Паркот на принцовите“ го победи моќниот ПСЖ. Сепак, од тој натпревар започнаа лошите натпревари за Јунајтед и Солскјер, па „Црвените ѓаволи“ на последните пет натпревари запишаа дури четири порази.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со вака лоша низа не можеше да се „пофали“ ниту Мурињо, па јасно е дека Норвежанецот влезе во проблеми. Интересно, лошата форма на Јунајтед започна кога Солскјер доби долгогодишен договор од клубот. Проблем за Јунајтед претставува и фактот дека четирите порази во претходните пет натпревари се болни, бидејќи се или ќе бидат елиминирани од некое натпреварување.
Така по поразот од Вулверхемптон испаднаа од ФА Купот, поради поразите од Арсенал и Вулверхемптон ги намалија шансите да се најдат меѓу првите четири тими во Премиер лигата и поради поразот од Барселона најверојатно ќе испаднат и од Лигата на Шампионите.
Доколку не се случи некое изненадување до крајот на сезоната, Солскјер сепак нема да успее да направи ниту една важна работа, бидјеќи клубот веројатно ќе остане без трофеј, а следната сезона нема да може да игра во Лигата на Шампионите, што секако ќе биде голем хендикеп.