Иако треба да се одигра уште еден натпревар вчера беа извлечени двојките за четвртфиналето во ФА Купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бранителот на трофејот, Манчестер Сити ќе гостува кај Њукасл, Шефилд ќе игра дома против Арсенал, а најмногу внимание привлекува натпреварот помеѓу двете екипи од врвот во Премиер лигата Лестер и Челзи.
Последниот натпревар од осминафиналето го играат денес Дерби и Манчестер Јунајтед и победникот од овој дуел ќе оди на четвртфинале со Норвич кој вчера после пенал рулетот го елиминираше Тотенхем.
Натпреварите се закажани за 21. и 22 март.