Иако во првите два настапи остана без погодок во дресот на новиот клуб, Гонзало Игуаин веќе на вториот успеа да постигне два.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Маурицио Сари и Гонзало Игуаин одлично соработуваа во Наполи, а изгледа таа нивна врска одлично ќе функционира и во Челзи.
„Сари знае како да го извлече најдоброто од мене, знае како да се однесува со мене во емоционална смисла. Мило ми е што повторно ќе соработувам со него во голем клуб. Мислам дека заедно можеме да ги исполниме амбициите на клубот“.
„Премиер лигата и италијанската лига се две различни натпреварувања. Овде само што ќе ја добиете топката, дефанзивците ве напаѓаат. Стадионите секогаш се полни, атмосферата е фантастична и можете слободно да прошетате на улица“, изјави Игуаин.
https://youtu.be/dLadIktQzvw