Дома Фудбал Англија Игуаин: Челзи е тим кој секогаш сакав да го гледам, едвај чекам да заиграм

Игуаин: Челзи е тим кој секогаш сакав да го гледам, едвај чекам да заиграм

Гонзало Игуаин вчера и официјално беше претставен како нов фудбалер на Челзи.

Игуаин во Челзи пристигнува на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната. Аргентинецот одлучи да ги напушти „росонерите“ после шест месеци и кариерата да ја продолжи во Лондон.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според договорот доколку Челзи после сезоната сака да го позајми Игуаин на уште една сезона ќе му плати на Јувентус 18 милиони евра, додека пак ако сакаат да го откупат неговиот договор тој ќе изнесува 36 милиони евра.

„Кога добив шанса да помина во Челзи и едноставно морав да ја искористам. Тоа е тим кој секогаш сакав да го гледам и клуб со историја. Имаат одличен стадион и играат во Премиер лигата. Се надевам дека на теренот ќе ја оправдам довербата и едвај чекам да заиграм“, изјави Игуаин.

Игуаин во Челзи ќе го носи дресот со број девет, а за Челзи ќе може да дебитира веќе во полуфиналето од Лига купот во реваншот против Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олимпијакос ја освои Конференциската лига со гол во 116. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос дојдоа до пехарот во Конференциската лига, откако на стадионот …