Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, неодамна се раздели со својот тренер Горан Иванишевиќ после петгодишна соработка.
Ѓоковиќ имаше одлична соработка со Иванишевиќ и истакна дека и понатаму остануваат пријатели, а сега се огласи хрватскиот тренер и проговори за прекинот на соработката.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Поразот во Индијан Велс не е причината. Ако сакаме да бидеме искрени, почувствував уште на САД Опен минатата година дека доаѓа до заситување. И мене како тренер, поразот на Новак во финалето на Вимблдон, тешко ми падна, Алкарас беше подобар и секоја чест, но одлучија еден-два поени. Потоа турнирите во САД беа неверојатни, Новак триумфира во Синсинати и на САД опен, но јас тука почувствував дека се ближи крајот и прашање на време беше дали ќе се разделиме минатата година или оваа“.
„Можеби требаше да го направиме ова уште минатата година, но јас по САД опен го оперирав коленото и ме немаше едно 6-7 недели. Се вратив за завршниот мастерс во Торино, но тогаш беше евидентен заморот на материјал и проблемот во комуникацијата“, изјави Иванишевиќ.