Дома Фудбал Останато ЗИДАН СИ ЗАМИНУВА: Перез моли за враќање на омилениот тренер, а во игра се четири имиња!

ЗИДАН СИ ЗАМИНУВА: Перез моли за враќање на омилениот тренер, а во игра се четири имиња!

zidane

Клупата на која седи Зинедин Зидан во Реал Мадрид силно е разнишана, а шпанските весници пишуваат дека Французинот речиси е поранешен.

Дали тоа ќе се случи во јануари или на лето следната годна не е познато. Грешките кои ги направи Перез не се забораваат, а единствен тренер кој беше способен да му прости е Жозе Мурињо. Сепак, Португалецот сакаше да си оди, бидејќи имаше отворен конфликт со Икер Касиљас и Кристиано Роналдо. Она што е сигурно, освојувањето на Лигата на Шампионите и титулата во Шпанија на Зидан би можеле да му ја спасат работата, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Мадрид веќе размислуваат за неколку тренери, а листата за сега има четри имиња. Прво, се разбира е Жозе Мурињо, кој е фаворит на Перез. Вториот е Маурисио Покетино, тренерот на Тотенхем, кој има многу силен договор со клубот, од другата страна, како и Мурињо со Јунајтед. Сепак, Мурињо е миленик на Перез, кој во изминатиот период не се согласува со управата во Манчестер.

Третото име е Јоаким Лев, селекторот на репрезентацијата на Германија кој по Русија сигурно ќе го напушти кормилото на Германија. Четвртиот тренер е Масимилиано Алегри, тренерот на Јувентус, кој Перез би сакал да го види во Мадрид, заедно со Диабала. За Зидан, отворена е позицијата во Јувентус, но и во репрезентацијата на Франција, само во случај на Дешамп да му се случи екстремен неуспех на СП во Русија.

Исто така, се споменува и враќање во неговата Франција, и тоа на кормилото на ПСЖ. Во секој случај, ќе може да избере. Сепак, сега треба да го поправи сето она што го расипа во Реал. Доколку тоа е можно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …