Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Сега малку одмор, па атак на Лигата на шампиони

Зидан: Сега малку одмор, па атак на Лигата на шампиони

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по освоената титула во Примера се надева на добра завршница во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ ќе го искористат одморот пред натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Манчестер сити, кое се игра на 7 август.

„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Сити и да играме што е можно повеќе во ЛШ. Сега ни претстојат неколку дена неопходен одмор за да ја вратиме силата. Не се грижам за тоа дали играчите ќе дојдат неподготвени, тие се професионалци. Знам дека сега им е потребно да се релаксираат, за да може да бидат подготвени за новите предизвици“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Само во Турција: Салах доби милиони, а потоа градоначалникот го остави без зборови

Доаѓањето на Мохамед Салах во Трабзонспор предизвика вистинска фудбалска еуфорија во Турци…