Дома Фудбал Зидан: Многу врева се крена за гестот на Бејл

Зидан: Многу врева се крена за гестот на Бејл

Тренерот на Реал  Мадрид, Зинедин Зидан беше „бомбардиран“ со прашања за Герет Бејл и контроверзниот гест кој го направи фудбалерот на натпреварот со репрезентацијата.

Меѓутоа, Зидан се обиде да ја смири ситуацијата и изјави дека едноставно се кренала голема врева за тој гест.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Многу врева се крена за гестот на Бејл. Треба да се насочиме само на спортските аспекти, овде сум за да зборувам за фудбал. Доста е со тоа веќе. Јас ги гледам фудбалерите што прават на терен, а не надвор од него“, изјави Зидан.

„Нема да одговарам повеќе на прашања за Герет. Фановите кои навиваат за Реал треба да го поддржуваат. Зборував со него, тренираше добро и сигурно ќе сметам на него, бидејќи е важен играч за нашиот тим“, додаде Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Геа го брани младиот Кински: Тоа само голманите можат да го разберат…

Шпанецот Давид Де Геа изрази солидарност со младиот голман на Тотенхем, Антонин Кински, от…