Дома Фудбал Останато Земјотрес го одложи натпреварот помеѓу Јапонија и Чиле

Земјотрес го одложи натпреварот помеѓу Јапонија и Чиле

Фудбалскиот сојуз на Јапонија соопшти дека денеска е откажан пријателскиот натпревар против Чиле, по земјотресот кој го погоди островот Хокаидо.

Натпреварот требаше да се одигра утре во Сапоро. Фудбалерите на Јапонија на 11. сепрември треба да ги пречекаат Костарика во Осака.

Според последните податоци, земјотресот со јачина од 6,7 степени во четврток го погоди островот Хокаидо во северна Јапонија, осум лица загинаа, а 40 се водат како исчезнати.

Земјотресот се случи на јужната страна на Хокаидо во 3:08 по локално време на длабочина од 40 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барсел…