Жорди Фернандез, шпанскиот тренер и селектор на кошаркарската репрезентација на Канада доби прилика да води тим во НБА. Следната сезона тој ќе седи на клупата на Бруклин Нетс и така ќе стане првиот Шпанец кој бил тренер на еден НБА тим.
Нетси имаа предизвикувачка сезона борејќи се без клучните играчи. По разочарувачките резултати се донесе одлука дека е време за промена на тренерската клупа и отпуштен беше Кевин Онил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фернандез е познато по своето искуство и фокусот на одбраната, пристигнува со импресивно тренерско педигре, вклучувајќи и работа во НБА развојната лига, но и на меѓународна сцена.
Како асистент беше во Кливленд од 2009 до 2013 година, потоа доби улога на асистент и во Денвер од 2016 до 2022, а минатата година беше во Сакраменто. Сега за првпат добива прилика да води една сениорска екипа.
ESPN story on the Nets planning to hire Kings' Jordi Fernandez as franchise’s next head coach https://t.co/0EIs7GfFTF
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) April 16, 2024