Арсенал се приклучи на листата на клубови Микаил Фаје во Б тимот на Барселона.
Поранешниот стопер на Кустошија од Хрватска, а од неодамна и сенегалски репрезентативец летото минатата година се пресели во Каталонија од Загреб и оттогаш со добрите настапи стекна репутација на голем талент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првиот тим на Барселона се уште нема добиено ниту една минута и се почесто се споменува дека би можел да смени клуб во летниот преоден рок.
Оваа сезона Фаје успеа да стигне до клупата на најсилниот тим на Барселона (на натпреварот против Мајорка), но и до репрезентацијата на Сенегал, за која дебитираше со одличен гол на натпреварот против Габон.
Покрај веќе потврдената понуда од Ленс, наводно вредна 9 милиони евра, познат е и интересот на Манчестер Јунајтед и Баер, а шпанските медиуми пишуваа дека го следат Челзи, Џирона и Борусија Дортмунд. На таа листа неодамна се најде и Арсенал.
Доколку во клубот пристигне примамлива понуда, а шпанските медиуми претходно пишуваа за сума од 25-30 милиони евра, Фаје би можел да ја напушти Каталонија.
Ако е така, Барселона ќе се обиде да договори клазула според која ќе има право на откуп на неговиот договор во иднина. Неговиот сегашен договор со Барселона има важност до 2027 година.