Пари Сен Жермен наскоро ќе го назначи Кристоф Галтие за нов тренер, тврдат најеминентните француски медиуми.
Францускиот гигант се согласи да плати 10 милиони евра обештетување на Ница за да ги обезбеди услугите на 55-годишниот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно ПСЖ им понуди на „орлите“ еден или двајца млади играчи на позајмица во замена за ослободување на Галтие, но Ница не сакаше да го пушти тренерот.
Галтие ја предводеше Ница до петтото место во Лига 1 минатата сезона, како и до финалето на Купот на Франција, каде загуби од Нант.
Минатата година под негово водство Лил стана шампион, кога спортски директор беше Луис Кампос, кој сега сака да го донесе во ПСЖ.
Галтие ќе го замени Маурисио Почетино на чело на ПСЖ. Аргентинскиот стручњак веќе е информиран од раководството на клубот за неговиот отказ и ќе добие оштета од 15-20 милиони евра.