Дома Трансфер зона Изненадување: Галтие по отказот од ПСЖ оди во Серија А?!

Изненадување: Галтие по отказот од ПСЖ оди во Серија А?!

Зад Наполи е историска сезона во која клубот од Италија стана шампион по третпат во својата историја, последната беше освоена пред 33 години во ерата на Диего Марадона. По освоеното Скудето од клупата си замина Лучијано Спалети, па сега Де Лаурентис е во потрага по негов наследник.

Се споменуваа неколку имиња меѓу кои беше и Зидан, меѓутоа сега има нова опција. Наводно, од Неапол го контактирале Кристоф Галтие, францускиот тренер кој неодамна доби отказ во ПСЖ иако ја освои титулата во Лига.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Галтие во кариерата го водеше Сент Етјен кој успеа да го доведе од 17-то до 4-то место, потоа Лил со кој ја освои титулата пред две години и ја прекина доминацијата на ПСЖ, а пред да дојде во Париз работеше една сезона во Ница.

Ако се остварат најавите и седна на клупата на Наполи, тоа за Галтие ќе биде прв клуб кој го води надвор од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…