Дома Фудбал Останато ПСЖ бара нов тренер, три имиња на списокот

ПСЖ бара нов тренер, три имиња на списокот

Кристоф Галтие дефинитивно нема да биде тренер на ПСЖ следната сезона, пренесува еминентниот „Екип“.

Раководството на ПСЖ не е задоволно од работата на тренерот и веќе ја започна потрагата по негова замена, а во најтесниот избор се тројца тренери.

„Екип“ тврди дека прв избор е Жозе Мурињо, а „Специјалниот“ ќе донесе конечна одлука веднаш после финалето на Лига Европа.

Заедно со Мурињо голема желба е и Луис Енрике, кој е слободен агент и чека понуда од некој европски гигант.

Трет на листата желби е Чаби Алонсо, кој го покажа својот потенцијал на клупата на Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…