Македонската спортска икона, Кире Лазаров сосема заслужено доби огромно призание.
Имено, капитенот на ракометната репрезентација на Македнија и член на Нант доби место во идеалниот тим на деценијата, од 2010 година до денес.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Навистина Кире со бројките кои ги има зад себе и повеќе од 1.000 погодоци во Лигата на шампионите, рекордер по постигнати голови на европските и светски првенство, едноставно не можеше да биде изоставен.
Покрај Лазаров во тимот на најдобри ракометари од 2010 година добија: Омејер (Франција), Филип Јиха (Чешка), Никола Карабатиќ (Франција), Абало (Франција), Агинагалде (Шпанија).

ТИМ НА 90-ТЕ ГОДИНИ
Андреј Лавров (Русија)
Патрик Чавар (Хрватска)
Магнус Висландер (Шведска)
Џексон Ричардсон (Франција)
Грегори Анкетил (Франција)
Талант Душебаев (Шпанија)

ТИМ 2000-2010
Арпад Штербик (Шпанија)
Ненад Перуничиќ (Србија)
Ивано Балиќ (Хрватска)
Олафур Стефансон (Исланд)
Мирза Џомба (Хрватска)
Кристијан Шварцер (Германија)
Ларс Кристијансен (Данска)
