Дома Топ вести Заниоло блиску до трансфер во Милан

Заниоло блиску до трансфер во Милан

Милан е во напредни преговори со Рома за трансфер на италијанскиот репрезентативец, Николо Заниоло.

23-годишниот Заниоло сака да ја напушти Рома до крајот на преодниот рок, а преферира да остане во Серија А.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Последните информации од Апенините се дека Заниоло постигнал комплетен договор со Милан за 5-годишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона.

Милан и Рома се во напредни преговори, а „росонерите“ се спремни да платат 22 милиони евра, додека „волчицата“ бара најмалку 30 милиони.

Заниоло на лето влегува во последната година од договорот, па се очекува Рома да попушти и наскоро двата клуба да го договорат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …