Дома Останати Тенис Синер ќе игра полуфинале против Ѓоковиќ!

Синер ќе игра полуфинале против Ѓоковиќ!

Јаник Синер успеа без многу напор да го совлада Бен Шелтон и да обезбеди полуфинален натпревар на Австралија Опен против Новак Ѓоковиќ.

Синер ја оправда улогата на фаворит и го заврши четвртфиналето по два часа и 23 минути игра.

Во сите три сета Синер направи по еден пробив и го заврши дуелот со резултат 6:3, 6:4, 6:4.

Тој во полуфиналето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој денес продолжи понатаму откако Лоренцо Мусети предаде поради повреда при предност од 2:0 во сетови за Ѓоковиќ.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз и Александер Зверев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Инцидент во Пекинг: Ѓоковиќ удрен во глава! (Видео)

Новак Ѓоковиќ се најде во непријатна ситуација по завршувањето на тренингот пред почетокот…