Дома Фудбал Англија Жоao Феликс: Добро ми е во Челзи, а Енцо е фантастичен – вреди 121 милион евра!

Жоao Феликс: Добро ми е во Челзи, а Енцо е фантастичен – вреди 121 милион евра!

Во зимскиот преоден рок Жоао Феликс се пресели во Челзи на позајмица и засега не е познато дали по истекот на позајмицата ќе продолжи да биде дел од „сините“.

Португалецот во својата последна изјава за медиумите порача дека му е добро, но сепак дали ќе остане не зависи од него и двата клуба треба да преговараат на лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Навистина добро се чуствувам во Челзи. Но во договорот нема опција за откуп и за да останам треба да има договор помеѓу клубовите. Челзи е топ клуб, брзо се адаптирав“. изјави Феликс.

Феликс го пофали и новото засилување на „сините“, Енцо Фернандез.

„Фернандез позитивно изненади, дефинитивно е фантастичен играч и вреди 121 милион евра, топ талент“, смета Феликс.

Се врати на неговата ситуација во клубот.

„Не можам да кажам дека мојата приказна со Атлетико е завршена затоа што не знам дали е така. Ќе видиме што ќе се случува на лето“, истакна Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…