Финалниот турнир во Лигата на шампионите во Келн се завршува денес.
Од 18:00 часот за третото место ќе играат Веспрем и ПСЖ, а финалето е закажано за 20:30 часот и таму ќе се сретнат Кил и Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ЕХФ ја објави наградата за учесниците на Ф4 турнирот. Така шампионот ќе добие 500.000 евра, а второпласираниот 250.000 евра. Третопласираната екипа ќе заработи 150.000 евра, четвртиот 100.000 евра.
„Ова е главен настан во нашата сезона. Екипите заслужуваат награди за тоа што работеа под тешки околности“, порачаа од ЕХФ.